Овој веб-сајт е управуван и одржуван од Seiko Epson Corporation. Користењето на овој веб-сајт е предмет на условите опишани подолу. Внимателно прочитајте ги и разберете ги условите за користење пред да продолжите.
Авторските права за материјалите содржани на овој веб-сајт им припаѓаат на Seiko Epson Corporation или на други трети страни. Материјалите содржани овде не смеат да се копираат, модификуваат, дистрибуираат, објавуваат, преземаат, прикачуваат, испраќаат или пренесуваат, без разлика дали во целост или делумно, во било која форма или на било кој начин, без претходна писмена согласност од Seiko Epson Corporation или сопственикот на авторските права.
Трговските марки, услужните марки, и лого ознаки користени и прикажани на овој веб-сајт се регистрирани трговски марки или нерегистрирани трговски марки на Seiko Epson Corporation или на трети лица.
Името „Seiko Epson Corporation“ и логото на Epson не смее да се користат на било кој начин, вклучувајќи без ограничување, рекламирање поврзано со дистрибуција на материјали на овој веб-сајт, без претходна писмена дозвола од Seiko Epson Corporation.
Seiko Epson Corporation не дава гаранции од никаков вид во однос на точноста или комплетноста на било која содржина, материјали или информации, вклучувајќи софтвер, документи, или најчесто поставувани прашања, на овој веб-сајт.
Seiko Epson Corporation во ниту еден случај нема да преземе одговорност за било какви грешки во информациите содржани на овој веб-сајт. Seiko Epson Corporation нема да биде одговорна за било какви ваши штети или загуби кои се резултат од користењето на информации или материјали од овој веб-сајт. Сите материјали и информации на овој веб-сајт подлежат на промена без известување.
Содржината на веб-сајтови на трети страни кои не припаѓаат на Seiko Epson Corporation поврзани од овој веб-сајт или кои поврзуваат со овој веб-сајт се управувани под одговорност на соодветните компании и не се под раководството на Seiko Epson Corporation.
Ве молиме користете ги поврзаните веб-сајтови во согласност со условите на користење објавени на соодветните веб-сајтови. Компанијата не носи одговорност за содржината на поврзаните веб-сајтови за било какви штети настанати со нивна употреба.
При користењето на овој веб-сајт, забранети се следните дејствија.
Препорачуваме да користите последна верзија од пребарувачот.
Овозможете JavaScript и стилски листови во поставките на вашиот пребарувач за правилно да го гледате овој веб-сајт.
Овој веб-сајт ќе постави „колаче“ (единствен код кој го идентификува вашиот компјутер на нашиот веб-сајт) на вашиот компјутер кога ќе го посетите веб-сајтот. Тоа колаче ќе се користи само за да ве пренасочи кон соодветниот веб-сајт на локалниот јазик при следните посети и не вклучува никакви лични или поединечни информации за идентификација.
Условите од овој документ ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Јапонија.
Во случај на спор помеѓу вас и Epson, страните ќе бидат под исклучива надлежност на Окружниот суд во Токио.
Овој веб-сајт користи Google Analytics за помош при анализирање и подобрување на овој веб-сајт. Google Analytics користи „колачиња“ за собирање на стандардните информации за серверот и информации за однесувањето на посетителот во анонимна форма. Може да блокирате колаче или да го поставите пребарувачот да предупредува пред примање на колаче за да забраните пристап на колаче. Ако го сторите тоа, дел(ови) од веб-сајтот може да станат недостапни за вас. Дневникот за пристап е предмет на политиката на приватност на Google LLC, што треба да ја прочитате пред да го користите веб-сајтот.
Google Analytics™ e заштитен знак на Google LLC.
Услови за користење на Google Analytics
Политика за приватност на Google