XP-640 Series

Дополнителен софтвер

Windows/Mac OS X

EPSON Software Updater инсталира дополнителен софтвер. Може и да го ажурира фирминиот софтвер на печатачот и инсталираниот софтвер.
Ако не е инсталиран EPSON Software Updater, следете ги чекорите во [2 Преземете и поврзете] од страницата [Поставување].


1. Активирајте го EPSON Software Updater.

  • Windows 10

Кликнете на копчето Старт, кликнете на Сите апликации, изберете [Epson Software] > [Epson Software Updater].


  • Windows 8.1/Windows 8

Внесете го името на софтверот во Копче за пребарување, а потоа изберете ја иконата што ќе се појави.


  • Windows 7/Windows Vista/Windows XP

Кликнете го копчето Старт, кликнете на Сите програми (или Програми), изберете [Epson Software] > [Epson Software Updater].

Изберете [Move] > [Application] > [Epson Software] > [EPSON Software Updater].


2. Изберете го името на софтверот што сакате да го инсталирате од листата со најнов софтвер, па инсталирајте го.

Ако користите повеќе производи, изберете ги имињата на моделите.
Листата ги покажува имињата на ажурираниот софтвер и на софтверот што се дистрибуира преку интернет.