ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕР ЗА КРАЈНИОТ КОРИСНИК НА EPSON

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИКОТ: ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОГОВОР ПРЕД ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ ПРОИЗВОДОТ.

АКО СЕ НАОЃАТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ, ЗА ВАС ЌЕ ВАЖАТ ДЕЛОВИТЕ 19-23 ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ. ДЕЛОТ 22 СОДРЖИ ОДРЕДБА ЗА ОБВРЗУВАЧКА АРБИТРАЖА КОЈА ЈА ОГРАНИЧУВА ВАШАТА СПОСОБНОСТ ДА ПОБАРАТЕ ОСЛОБОДУВАЊЕ ВО СУДОТ ПРЕД СУДИЈАТА ИЛИ ПОРОТНИЦИТЕ И ГО ОДЗЕМА ВАШЕТО ПРАВО ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО КОЛЕКТИВНИ ТУЖБИ ИЛИ КОЛЕКТИВНИ АРБИТРАЖИ ЗА ОДРЕДЕНИ СПОРОВИ. СПОРЕД ДЕЛОТ 22.7 ДОСТАПНО Е „ИЗЗЕМАЊЕ“ ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД АРБИТРАЖАТА И КОЛЕКТИВНАТА ТУЖБА.

АКО ГО КУПИТЕ ОВОЈ ПРОИЗВОД ВО АВСТРАЛИЈА, ЗА ВАС МОЖЕ ДА ВАЖАТ ДЕЛОВИТЕ 24-36 ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ. ВО ДЕЛОВИТЕ 25 И 28 Е ОПИШАНО КОГА МОЖЕ ДА ВАЖАТ ОВИЕ ДЕЛОВИ. ДЕЛОВИТЕ 24-36 УТВРДУВААТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗАКОНСКИ ЗАШТИТИ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКЛУЧАТ СПОРЕД ЗАКОН. КАДЕ ШТО Е НАВЕДЕНО, ДРУГИТЕ ОДРЕДБИ НА ОВОЈ ДОГОВОР СЕ ПРЕДМЕТ НА ДЕЛОВИТЕ 24-36.

Ова е законски регулиран договор („Договор“) помеѓу вас (физичко или правно лице, во понатамошниот текст „вие“) и Seiko Epson Corporation (вклучувајќи ги и нејзините подружници, „Epson“) за приложените софтверски програми, вклучувајќи ги и сета поврзана документација, фирмвер или ажурирања (во понатамошниот текст колективно наречени „Софтвер“). Софтверот е обезбеден од страна на Epson и неговите набавувачи за употреба само со соодветниот периферен компјутерски производ од брендот Epson („Хардверот на Epson“). ПРЕД ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ, КОПИРАТЕ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ДА ГО КОРИСТИТЕ СОФТВЕРОТ, ТРЕБА ДА ГИ ПРЕГЛЕДАТЕ И ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОДРЕДБИТЕ И УСЛОВИТЕ ОД ОВОЈ ДОГОВОР ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА EPSON наведена во Делот 17. Ако се согласувате, кликнете подолу на копчето Се согласувам („ПРИФАТИ“, „ВО РЕД“ или слично претставување на согласноста), доколку има такво. Ако не се согласувате со одредбите и условите од овој Договор, кликнете на копчето Не се согласувам („ИЗЛЕЗИ“, „Откажи“ или слично претставување на несогласноста) доколку има такво и вратете го Софтверот, заедно со пакувањето и останатите материјали, на Epson или местото на купување за целосно враќање на парите.

1.Доделување лиценца.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), Epson ви доделува ограничена, неексклузивна лиценца за преземање, инсталирање и користење на Софтверот за ваша лична и внатрешна деловна употреба на тврди дискови или други уреди за складирање на компјутер, или во случај на софтверска апликација (исто така наречена „Софтвер“), на паметниот телефон, таблетот или друг мобилен уред (колективно, „Уред“), под услов Софтверот да се користи (i) само на една локација (на пример, во домот или канцеларијата или местото на работа) или во случај на мобилен уред, на Уред во сопственост или на друг начин контролиран од вас, и (ii) само во врска со Хардверот на Epson кој е во ваша сопственост. Можете да им дозволите на другите корисници на Хардверот на Epson поврзани со вашата мрежа да го користат Софтверот, под услов да се уверите дека таквите корисници го користат Софтверот само во согласност со овој Договор. Се согласувате дека ќе бидете одговорни за и ќе го обештетите Epson за оптеретувањата што настанале како последица на употребата од страна на таквите корисници. Можете да направите резервни копии од Софтверот, ако е потребно, под услов резервната копија да се користи само за да ја поддржи вашата употреба на Хардверот на Epson.

2.Надградби и ажурирања.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), доколку купите надградба, ажурирана верзија, модифицирана верзија или дополнувања на или за Софтверот од Epson, надградбата, ажурираната верзија, модифицираната верзија или дополнувањето ќе бидат вклучени во дефинираниот термин Софтвер и ќе бидат регулирани со овој Договор. Потврдувате дека Epson нема никаква обврска да ви обезбедува Ажурирања (како што е дефинирано подолу во овој Дел 2) на Софтверот. Меѓутоа, Epson може одвреме-навреме да издава ажурирани верзии на Софтверот и Софтверот може автоматски да се поврзува со Epson или сервери од трети страни преку Интернет за да проверува дали има достапни ажурирања на Софтверот, како што се поправени грешки, закрпи, надградби, дополнителни или подобрени функции, приклучоци и нови верзии (колективно, „Ажурирања“) и може (а) автоматски по електронски пат да ја ажурира верзијата на Софтверот што го користите на вашиот личен уред или (б) да ви даде опција рачно да ги преземате важечките Ажурирања. Во случај да сте ја инсталирале EPSON Software Updater одделно, но не сакате да му дозволите на Epson да проверува дали има достапни ажурирања на Софтверот, можете да ја оневозможите оваа функција со деинсталирање на EPSON Software Updater. Со инсталирање на Софтверот и не оневозможување на автоматизираната проверка за Ажурирања, доколку тоа е применливо, се согласувате и давате одобрение автоматски да барате и да добивате Ажурирања од Epson или серверите од трети страни, и дека одредбите и условите од овој Договор ќе важат за сите овие Ажурирања.

3.Други права и ограничувања.
Се согласувате дека нема да го модифицирате, адаптирате или преведувате Софтверот и понатаму се согласувате дека нема да се обидувате да вршите обратен инженеринг, да го декомпајлирате, да го расклопувате или на друг начин да се обидувате да го откриете изворниот код на Софтверот. Не смеете да го изнајмувате, закупувате, дистрибуирате, позајмувате Софтверот на трети лица или да го инкорпорирате Софтверот во производ или услуга што носат приходи. Меѓутоа, можете да ги пренесете сите ваши права за користење на Софтверот на друг човек или правно лице, под услов примателот исто така да се согласи со одредбите од овој Договор и преносот на Софтверот, вклучувајќи ги и сите копии, ажурирања и претходни верзии, како и Хардверот на Epson, на тој човек или правно лице. Софтверот е лиценциран како една единица, а неговите компонентни програми не може да се одвојуваат за некоја друга употреба. Покрај тоа, се согласувате дека нема да го ставате Софтверот на или во заедничка средина достапна преку јавна мрежа како што е Интернетот или на друг начин достапна од други надвор од единствената локација наведена во Дел 1 погоре.

4.Сопственост.
Поседувањето, правата на сопственост и правата на интелектуална сопственост во и на Софтверот ќе останат кај Epson или неговите даватели на лиценца и набавувачи. Софтверот е заштитен со Законот за авторски права на САД, законите за авторски права на Јапонија и меѓународните спогодби за авторски права, како и од други закони и спогодби за интелектуална сопственост. Вам не ви е пренесено никакво поседување или сопственост на Софтверот и оваа Лиценца нема да се толкува како продажба на какви било права во Софтверот. Се согласувате дека нема да ги отстранувате или менувате авторските права, заштитниот знак, регистрираниот знак и другите известувања за сопственост на кои било копии од Софтверот. Epson и/или неговите даватели на лиценца и набавувачи ги задржуваат сите права кои не се доделени. Софтверот, исто така, може да содржи слики, илустрации, дизајни и фотографии („Материјали“), а авторските права на таквите материјали припаѓаат на Epson и/или неговите даватели на лиценца и набавувачи, заштитени со национални и/или интернационални закони, конвенции и спогодби за интелектуална сопственост. За појаснување, (1) Материјалите ќе се користат само за некомерцијални цели, (2) Материјалите ќе се уредуваат, прилагодуваат и копираат само на начин одреден од Софтверот и (3) можете да ги користите Материјалите само за законска лична употреба, домашна употреба или како што е инаку дозволено со закон.

5.Софтвер со отворен код и други компоненти од трети страни.
И покрај гореспоменатото доделување лиценца, потврдувате дека одредени компоненти на Софтверот може да бидат покриени со лиценци од трети страни, вклучувајќи ги и таканаречените лиценци за софтвер со „отворен код“, што значи сите лиценци за софтвер одобрени како лиценци за софтвер со отворен код од страна на Open Source Initiative или сите суштински слични лиценци, вклучувајќи без ограничување која било лиценца што, како услов за дистрибуирање на софтверот лиценциран со таква лиценца, бара дистрибутерот да го направи софтверот достапен во формат на изворниот код (како компоненти од трети страни, „Компоненти од трети страни“). На https://support.epson.net/terms/, на крајот на овој Договор дадена е листа на Компоненти од трети страни, и соодветни одредби за лиценцата (како што се бара), за одредени верзии на Софтверот, релевантно упатство за корисникот/CD или информации за лиценцата прикажани на вашиот Уред/во Софтверот. До степенот што се бара со лиценците кои покриваат Компоненти од трети страни, одредбите на таквите лиценци ќе важат наместо одредбите од овој Договор. До степенот до кој одредбите на лиценците што важат за Компонентите од трети страни забрануваат некое од ограничувањата во овој Договор во однос на таквите Компоненти од трети страни, таквите ограничувања нема да важат за тие Компоненти од трети страни.

6.Повеќе верзии на софтвер.
Можете да го добиете или да се стекнете со Софтверот во повеќе од една верзија (на пример, за различни оперативни средини, верзии со превод на два или повеќе јазици, преземени од серверот на Epson или на CD-ROM), сепак, без оглед на типот или бројот на копии што ги добивате, сѐ уште можете да ги користите само медиумот или верзијата соодветни за лиценцата доделена во Дел 1 погоре.

7.Оградување од гаранцијата и правен лек.
Во согласност со Дел 25 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), ако сте се стекнале со Софтверот преку медиум од Epson или некој продавач, Epson гарантира дека медиумот на кој е снимен Софтверот ќе нема дефекти во изработката и материјалите при нормална употреба во период од 90 дена од денот на кој ви била извршена испораката. Ако го вратите медиумот на Epson или на продавачот од кој сте се стекнале со медиумот во рок од 90 дена од денот на кој ви била извршена испораката, и ако Epson утврди дека медиумот е дефектен и под услов медиумот да не бил предмет на погрешна употреба, злоупотреба, погрешна примена или користен во дефектна опрема, Epson ќе го замени медиумот, откако ќе го вратите Софтверот во Epson, вклучувајќи ги и сите копии од кои било негови делови. Потврдувате и се согласувате дека употребата на Софтверот е на ваш сопствен ризик. СОФТВЕРОТ Е ОБЕЗБЕДЕН „ОНАКОВ КАКОВ ШТО Е“ И Е БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД. EPSON И НЕГОВИТЕ НАБАВУВАЧИ НЕ ГИ ГАРАНТИРААТ И НЕ МОЖАТ ДА ГИ ГАРАНТИРААТ ИЗВЕДБАТА ИЛИ РЕЗУЛТАТИТЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ. Epson не гарантира дека работењето на Софтверот ќе биде непрекинато, без грешки, без вируси или други штетни компоненти или слаби страни, или дека функциите на Софтверот ќе ги задоволат вашите потреби или барања. Единствената и ексклузивна одговорност на Epson и вашиот ексклузивен правен лек за прекршување на гаранцијата ќе се ограничи на, по избор на Epson, замена на медиумот за Софтверот или враќање на парите по враќањето на Софтверот и Хардверот на Epson. Кој било заменски Софтвер ќе остане под гаранција во остатокот од оригиналниот гарантен период или триесет (30) дена, што и да е подолго. Ако горенаведениот правен лек не успее поради која било причина, целата одговорност на Epson за прекршување на гаранцијата ќе се ограничи на враќање на цената платена за Хардверот на Epson. Epson не е одговорен за застои во работењето или неработење поради причини надвор од неговата разумна контрола. Оваа Ограничена гаранција ќе биде неважечка ако нефункционирањето на Софтверот настанало од несреќа, злоупотреба или погрешна примена. НАВЕДЕНИТЕ ОГРАНИЧЕНИ ГАРАНЦИИ И ПРАВЕН ЛЕК СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ И СЕ НАМЕСТО СИТЕ ОСТАНАТИ. EPSON СЕ ОГРАДУВА ОД СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ, ИЗРИЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, СИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА НЕПРЕКРШУВАЊЕ, ПОГОДНОСТ ЗА ТРГОВИЈА И СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ. МЕЃУТОА; НЕКОИ ДРЖАВИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊА ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ, И ВО ТАКВИТЕ ДРЖАВИ, ГОРЕНАВЕДЕНОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖИ ЗА ВАС.

8.Ограничување од одговорност.
ВО СОГЛАСНОСТ СО ДЕЛОВИТЕ 25 И 28 (КОИ МОЖЕ ДА ВАЖАТ ЗА ВАС ДОКОЛКУ КУПИТЕ СТОКИ И УСЛУГИ ОД EPSON ВО АВСТРАЛИЈА), ДО МАКСИМАЛНИОТ СТЕПЕН КОЈ ГО ДОЗВОЛУВА ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ EPSON ИЛИ НЕГОВИТЕ НАБАВУВАЧИ НЕМА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТИ, КАКВИ И ДА СЕ, ДАЛИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ, ДАЛИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРОТ, ДЕЛИКТ (ВКЛУЧУВАЈЌИ И НЕВНИМАТЕЛНОСТ), СТРОГА ОДГОВОРНОСТ, ПРЕКРШУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА, ПОГРЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИЛИ НА ПОИНАКОВ НАЧИН, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ШТЕТИ ЗА ЗАГУБА НА ПРИХОДИ ОД РАБОТАТА, НАРУШУВАЊЕ НА РАБОТАТА, ЗАГУБА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТАТА ИЛИ ДРУГА ПАРИЧНА ЗАГУБА, ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА СЕ КОРИСТИ СОФТВЕРОТ, ИЛИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ОВОЈ ДОГОВОР, ДУРИ И АКО EPSON ИЛИ НЕГОВИОТ ЗАСТАПНИК БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ. НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ВО ОДРЕДЕНИ ЗДЕЛКИ, И ВО ТАКВИТЕ ДРЖАВИ, ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА И ИСКЛУЧУВАЊА МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ.

9.Набавка на софтверот од Владата на САД.
Овој Дел се однесува на сите набавки на Софтверот од или за Владата на САД („Влада“) или од кој било друг договарач или поддоговарач (во кој било редослед) според кој било договор, доделена помош, кооперативен договор, „друга зделка“ („ДЗ“) или друга активност со Владата. Со прифаќањето на испораката на Софтверот, Владата, кој било договарач и кој било поддоговарач се согласуваат дека Софтверот се квалификува како „комерцијален“ компјутерски софтвер во рамки на значењето на FAR Точка 12, параграф (б) од FAR Подточка 27.405 или DFARS Подточка 227.7202, како што е применливо, и дека ниту една друга регулатива, или клаузула за права на податоци за FAR или DFARS, не важи за испораката на овој Софтвер на Владата. Соодветно на тоа, одредбите и условите од овој Договор ги регулираат користењето и обелоденувањето на Софтверот од страна на Владата (и главниот договарач и поддоговарач) и ги заменуваат сите спротивставени одредби и услови од договорот, доделената помош, кооперативниот договор, ДЗ или друга активност согласно која Софтверот е испорачан до Владата. Ако овој Софтвер не успее да ги исполни потребите на Владата, ако овој Договор во каков било поглед му противречи на Федералниот закон, или ако погоре цитираните одредби од FAR и DFARS не служат за регулирање, Владата се согласува да му го врати Софтверот, неискористен, на Epson.

10.Ограничување на извозот.
Се согласувате дека Софтверот нема да се испраќа, пренесува или извезува во која било земја или да се користи на начин што е забранет со Законот за администрација на извоз на САД или други закони, ограничувања или регулативи за извоз.

11.Целиот договор.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), овој Договор е целиот договор помеѓу договорните страни во врска со Софтверот и го заменува секој налог за набавка, комуникација, реклама или претставување што се однесува на Софтверот.

12.Обврзувачки договор; Ополномоштени лица.
Овој Договор ќе биде обврзувачки, и ќе стапи на сила, за договорните страни и нивните соодветни наследници, правни наследници и законски застапници.

13.Салваторна клаузула; Модификации.
Ако се утврди дека некоја од овие одредби е неважечка или не може да се спроведе по судски пат (предмет на Дел 22.8 и 22.9 ако се наоѓате во САД), тоа нема да влијае на правосилноста на останатиот дел од Договорот, кој ќе остане полноважен и спроведлив според неговите одредби. Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), овој Договор може да се модификува само во писмена форма потпишана од овластен застапник на Epson.

14.Обештетување.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), се согласувате дека ќе ги обештетите и нема да ги сметате за одговорни, и по барање на Epson, ќе ги браните Epson и неговите директори, службеници, акционери, вработени и агенти од и против сите загуби, одговорности, штети, трошоци, давачки (вклучувајќи ги и разумните адвокатски такси), парници, тужби и барања што произлегуваат од (i) какво било прекршување на некоја од вашите обврски во овој Договор или (ii) каква било употреба на Софтверот или Хардверот на Epson. Ако Epson побара од вас да браните некоја таква парница, тужба или барање, Epson ќе го има правото, на сопствен трошок, да учествува во одбраната со адвокат по свој избор. Нема да подмирувате барања од трети страни за кои Epson има право на обештетување без претходна писмена согласност од Epson.

15.Завршување на договорот.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), без да бидат во спротивност со другите права што ги има Epson, вашите права за лиценца според Делот 1 погоре и вашите права за гаранција според Делот 7 погоре, автоматски ќе завршат ако не се придржувате до овој Договор. По завршувањето на таквите права, се согласувате дека Софтверот, и сите негови копии, ќе бидат веднаш уништени.

16.Способност и овластување за склучување договори.
Во согласност со Дел 28 (кој може да важи за вас доколку купите стоки и услуги од Epson во Австралија), изнесувате дека сте полнолетни според законите во вашата држава или јурисдикција на живеалиште и ги имате сите потребни овластувања за склучување на овој Договор, вклучувајќи, доколку тоа е применливо, соодветно овластување од вашиот работодавец за склучување на овој Договор.

17.Приватност, обработка на информации.
Софтверот може да има способност да се поврзува преку Интернет за да пренесува податоци до и од вашиот Уред. На пример, ако го инсталирате Софтверот, Софтверот може да предизвика вашиот Уред да испраќа информации за Хардверот на Epson како што се модел и сериски број, идентификатор на земја, код за јазик, информации за оперативниот систем и информации за користењето на Хардверот на Epson на интернет-страница на Epson која може да враќа промотивни или информации за услугите на вашиот Уред за приказ. Обработката на информации обезбедена преку Софтверот, ќе биде во согласност со важечките закони за заштита на податоците и Политиката за приватност на Epson која се наоѓа на https://global.epson.com/privacy/area_select_confirm_eula.html. До степенот до кој дозволуваат важечките закони, со прифаќањето на условите од овој Договор и со инсталирањето на Софтверот, се согласувате со обработката и складирањето на вашите информации во и/или надвор од вашата земја на живеење. Ако има посебна политика за приватност вметната во Софтверот и/или прикажана кога го користите Софтверот (на пример, во случај на одреден софтвер за софтверски апликации), таквата посебна политика за приватност ќе преовладува над горенаведената Политика за приватност на Epson.

18.Веб-страници од трети страни.
Можете, преку хипертекст или други компјутерски врски од Софтверот, да добиете пристап до веб-страниците и да користите одредени услуги кои не ги контролира или не ги управува Epson, туку ги контролираат трети страни. Потврдувате и се согласувате дека Epson не е одговорен за таквите страници или услуги од трети страни, вклучувајќи ја и нивната точност, комплетност, навременост, валидност, почитување на авторските права, законитост, пристојност, квалитет или некој друг аспект. Овие веб-страници/услуги од трети страни се предмет на различни одредби и услови и кога пристапувате и ги користите веб-страниците/услугите од трети страни, ќе бидете законски обврзани со одредбите и условите на тие веб-страници/услуги. Одредбите и условите на веб-страниците/услугите од третите страни ќе регулираат во однос на вашиот пристап и користењето на таквите веб-страници/услуги. Иако Epson може да обезбеди врска до веб-страница/услуга од трети страни преку Софтверот, таквата врска не претставува овластување, одобрување, спонзорство или здружување со Epson во однос на таквата веб-страница/услуга, нејзината содржина, нејзините сопственици или нејзините провајдери. Epson ги обезбедува таквите врски само за ваша референца и употребливост. Соодветно на тоа, Epson не сноси никаква одговорност во однос на таквите веб-страници/услуги и не дава поддршка поврзана со таквите страници или услуги од трети страни. Epson ги нема тестирано информациите, производите или софтверот што се наоѓаат на таквите веб-страници/услуги и следствено не може да сноси никаква одговорност во однос на истите. Се согласувате дека Epson не е одговорен за содржината или работењето на таквите веб-страници/услуги и дека сами треба да преземете мерки на претпазливост за да се уверите дека што и да изберете ќе биде без елементи како што се вируси, црви, тројански коњи и други елементи од деструктивна природа. Целосно сносите одговорност за одредувањето на степенот до кој можете да ги користите содржините на кои било други веб-страници/услуги со кои се поврзувате од овој Софтвер.

(АКО СЕ НАОЃАТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ, СЛЕДНИВЕ ДЕЛОВИ 19 - 23 ЌЕ ВАЖАТ ЗА ВАС)

19.Купување мастило.
За одредени производи за печатачите на Epson кои се продаваат во Северна Америка, Софтверот може да прикаже и опција за купување мастило од Epson. Ако кликнете на копчето за купување, Софтверот ќе направи вашиот Уред да ги прикаже типовите касети и нивоата на мастило за Хардверот на Epson и да обезбеди други информации за касетите, како што се боите, достапните големини на касети и цените за заменските касети со мастило, кои можете да ги купите на интернет од Epson.

20.Ажурирања што може да се преземаат.
Ќе можете, исто така, да преземате ажурирања или надградби за Софтверот од интернет-страница на Epson ако таквите ажурирања или надградби се достапни. Ако се согласувате да го инсталирате Софтверот, сите преноси до или од Интернет, како и собирањето и користењето податоци, ќе бидат во согласност со тогашната Политика за приватност на Epson и со инсталирање на Софтверот се согласувате дека тогашната Политика за приватност ќе ги регулира таквите активности.

21.Сметки и промотивни пораки на Epson.
Дополнително, ако го инсталирате Софтверот и го регистрирате Хардверот на Epson со Epson, и/или ако креирате сметка на Продавницата на Epson, и под услов да го одобрувате таквото користење, се согласувате дека Epson може да ги спојува собраните податоци поврзани со инсталацијата на Софтверот, регистрацијата на Хардверот на Epson и/или креирањето на вашата сметка на Продавницата на Epson, кои се состојат од лични информации и нелични информации, и да ги користи таквите споени податоци за да ви испраќа промотивни или информации за услугите на Epson. Ако не сакате да испраќате информации за Хардверот на Epson или да добивате промотивни или информации за услугите, ќе можете да ги оневозможите овие функции на Windows систем преку делот Преференци за следење во драјверот. На оперативен систем Mac, можете да ги оневозможите овие функции со деинсталирање на софтверот Epson Customer Research Participation и Low Ink Reminder.

22.СПОРОВИ, ОБВРЗУВАЧКА ИНДИВИДУАЛНА АРБИТРАЖА И ОДРЕКУВАЊЕ ОД КОЛЕКТИВНИ ТУЖБИ И КОЛЕКТИВНИ АРБИТРАЖИ

22.1Спорови.
Одредбите од овој Дел 22 ќе важат за сите Спорови помеѓу вас и Epson. Терминот „Спор“ треба да го има најопсежното значење дозволиво според закон и вклучува каков било спор, барање, полемика или парница помеѓу вас и Epson која произлегува од или е во врска со овој Договор, Софтверот, Хардверот на Epson или друга зделка која ве вклучува вас и Epson, без оглед дали е тоа во вид на договор, гаранција, погрешно претставување, измама, деликт, намерен деликт, статут, регулатива, уредба или која било друга законска или правична основа. „СПОРОТ“ НЕ ВКЛУЧУВА БАРАЊА ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, или поконкретно, барање или причина за парница за (а) непочитување или разводнување на заштитните знаци, (б) непочитување на патентите, (в) непочитување на авторските права или погрешна употреба, или (г) проневера на трговските тајни („Барање за интелектуална сопственост“). Вие и Epson, исто така, се согласувате, и покрај Делот 22.6, дека судот, а не арбитарот, може да решава дали барањето или причината за парница е барањето за интелектуална сопственост.

22.2Обврзувачка арбитража.
Вие и Epson се согласувате дека сите Спорови ќе се решаваат со обврзувачка арбитража според овој Договор. АРБИТРАЖАТА ЗНАЧИ ДЕКА СЕ ОДРЕКУВАТЕ ОД ВАШЕТО ПРАВО НА СУДИЈА ИЛИ ПОРОТНИЦИ ВО СУДСКА ПОСТАПКА, А ВАШИТЕ ТЕМЕЛИ ЗА ЖАЛБА СЕ ОГРАНИЧЕНИ. Согласно со овој Договор, обврзувачката арбитража ќе ја спроведе JAMS, национално признат арбитражен орган, согласно со неговиот законик за постапки кој тогаш стапил на сила за споровите поврзани со потрошувачите, но исклучувајќи ги правилата што дозволуваат здружување или колективни тужби во арбитражата (за повеќе детали за постапката, видете го Делот 22.6 подолу). Вие и Epson разбирате и се согласувате дека (а) Федералниот закон за арбитража (9 U.S.C. §1и сл.) ги регулира толкувањето и спроведувањето од овој Дел 22, (б) овој Договор овековечува зделка во меѓудржавната трговија и (в) овој Дел 22 ќе продолжи да важи и по завршувањето на овој Договор.

22.3Чекори и известување пред арбитражата.
Пред да поднесете барање за арбитража, вие и Epson се согласувате дека ќе се обидувате, во период од шеесет (60) дена, неформално да го разрешите секој Спор. Ако Epson и вие не постигнете договор за решавање на Спорот во рок од шеесте (60) дена, вие или Epson може да започнете арбитража. Известувањето за Epson мора да биде адресирано до: Epson America, Inc. ЗА ВНИМАНИЕ НА: Правниот оддел, 3131 Katella Ave. Los Alamitos, CA 90720 („Адресата на Epson“). Вашето Известување за спорот ќе биде испратено на последната адреса што Epson ја има во својата евиденција за вас. Од таква причина, важно е да нѐ известите ако се промени вашата адреса со тоа што ќе ни испратите е-пошта на EAILegal@ea.epson.com или ќе ни пишете на Адресата на Epson погоре. Известувањето за спорот ќе ги содржи името, адресата и информациите за контакт на испраќачот, фактите од коишто произлегол Спорот, како и побараното ослободување („Известувањето за спорот“). Откако ќе го добиете Известувањето за спорот, Epson и вие се согласувате дека ќе направите сѐ што е во ваша моќ чесно да го решите Спорот пред да започне арбитражата.

22.4Суд за спорови од мала вредност.
И покрај гореспоменатото, можете да поднесете сопствена парница во судот за спорови од мала вредност во вашата држава или општина ако парницата е под надлежност на тој суд и е во тек само во тој суд.

22.5ОДРЕКУВАЊЕ ОД КОЛЕКТИВНИ ТУЖБИ И КОЛЕКТИВНИ АРБИТРАЖИ.
ВИЕ И EPSON СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА СЕКОЈА ДОГОВОРНА СТРАНА МОЖЕ ДА ВОДИ СПОРОВИ ПРОТИВ ДРУГАТА ДОГОВОРНА СТРАНА САМО ВО СВОЈСТВО НА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ, А НЕ КАКО ТУЖИТЕЛ ИЛИ ЧЛЕН НА КОЛЕКТИВ ВО КАКВА БИЛО КОЛЕКТИВНА ИЛИ РЕПРЕЗЕНТАТИВНА СУДСКА ПОСТАПКА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ФЕДЕРАЛНИ ИЛИ ДРЖАВНИ КОЛЕКТИВНИ ТУЖБИ ИЛИ КОЛЕКТИВНИ АРБИТРАЖИ. СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ СО КОЛЕКТИВНИ ТУЖБИ, КОЛЕКТИВНИТЕ АРБИТРАЖИ, ПРИВАТНИТЕ ПАРНИЦИ НА ВРХОВНИТЕ ТУЖИТЕЛИ И КОЈА БИЛО ДРУГА ПОСТАПКА КАДЕ НЕКОЈ Е ВО СВОЈСТВО НА ОПОЛНОМОШТЕНИК НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ. СООДВЕТНО НА ТОА, СПОРЕД АРБИТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ ИЗНЕСЕНИ ВО ОВОЈ ДЕЛ, АРБИТАРОТ НЕМА ДА ГИ КОМБИНИРА ИЛИ КОНСОЛИДИРА БАРАЊАТА НА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ДОГОВОРНА СТРАНА БЕЗ ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ ОД СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ВО АРБИТРАЖНАТА ПОСТАПКА.

22.6Арбитражна постапка.
Ако вие или Epson започнете арбитража, арбитражата ќе се регулира со правилата на JAMS кои се на сила кога е поднесена арбитражата, исклучувајќи ги правилата што дозволуваат арбитража на колективна или репрезентативна основа („Правилата на JAMS“), достапни на http://www.jamsadr.com или со јавување на бројот 1-800-352-5267 и според правилата изнесени во овој Договор. Сите Спорови ќе ги решава еден неутрален арбитар, а двете договорни страни ќе имаат разумна можност да учествуваат во изборот на арбитар. Арбитарот е обврзан со одредбите од овој Договор. Арбитарот, а не некој федерален, државен или локален суд или агенција, ќе има ексклузивно овластување да ги решава сите спорови кои произлегуваат од или се во врска со толкувањето, применливоста, спроведливоста или формирањето на овој Договор, вклучувајќи го и секое тврдење дека сиот или кој било дел од овој Договор е неважечки или може да се поништи. И покрај ова опсежно доделување овластувања на арбитарот, судот може да го одреди ограниченото прашање за тоа дали барањето или причината за парница е барањето за интелектуална сопственост, кое е исклучено од дефиницијата за „Спорови“ во Делот 22.1 погоре. Арбитарот ќе биде овластен да додели какво и да било ослободување кое ќе биде достапно во судот според закон или правичност. Арбитарот може да ви го пресуди истото обештетување како и судот, и може да донесе декларативна пресуда или судска забрана само во корист на индивидуалната договорна страна која бара ослободување и само до степенот до кој е неопходно за да се обезбеди ослободувањето загарантирано со индивидуалното барање на таа договорна страна. Во одредени случаи, трошоците за арбитража може да ги надминат трошоците за парнична постапка и правото на откривање може да биде поограничено при арбитража отколку во суд. Пресудата на арбитарот е обврзувачка и може да стане правосилна во кој било надлежен суд.
Можете да изберете да бидете дел од арбитражните сослушувања преку телефон. Арбитражните сослушувања што не се вршат преку телефон ќе се одржуваат на место кое е прилично пристапно од вашето основно место на живеење, или во Округот Оринџ, Калифорнија, по ваш избор.

a) Покренување на арбитражна постапка.
Ако вие или Epson решите да арбитрирате некој Спор, и двете договорни страни ќе се согласат со следнава постапка:
(i) Да напишете барање за арбитража. Барањето мора да вклучува опис на Спорот и износот на обештетувањето што треба да се надомести. Можете да најдете копија од Барањето за арбитража на http://www.jamsadr.com („Барање за арбитража“).

(ii) Испратете три копии од Барањето за арбитража, плус соодветната такса за поднесок на: JAMS, 500 North State College Blvd., Suite 600 Orange, CA 92868, U.S.A.

(iii) Испратете една копија од Барањето за арбитража на другата договорна страна (истата адреса како и Известувањето за спорот) или како што е поинаку договорено од договорните страни.
b) Формат на сослушување.
За време на арбитражата, износот на која било спогодбена понуда нема да му биде откриен на арбитарот сѐ додека арбитарот не го одреди износот, ако има таков, на кој вие или Epson имате право. За време на арбитражата може да биде дозволено откривањето или замената на непривилегирани информации релевантни за Спорот.
c) Арбитражни такси.
Epson ќе плати, или (доколку тоа е применливо) ќe ви ги надомести, сите поднесоци до JAMS и арбитражни такси за која било започната арбитража (од вас или Epson) согласно со одредбите од овој Договор.
d) Пресуда во ваша корист.
За Споровите во кои вие или Epson барате 75 000 долари или помалку во обештетувања, не вклучувајќи ги таксите и трошоците за адвокат, ако одлуката на арбитарот резултира со пресуда во ваша корист во износ поголем од последната писмена понуда на Epson, ако има таква, за да се реши Спорот, Epson ќе: (i) ви исплати 1 000 долари или износот на пресудата, што и да е поголемо; (ii) ќе ви исплати двојно повеќе од износот на разумните адвокатски такси, ако има такви; и (iii) ќе ви ги надомести давачките (вклучувајќи ги таксите и трошоците за судско вештачење) кои вашиот адвокат разумно ќе ги прибави за истражување, подготвување и следење на Спорот во арбитражата. Освен како што се имате договорено со Epson во писмена форма, арбитарот ќе го одреди износот на таксите, трошоците и давачките што треба да ги плати Epson согласно со овој Дел 22.6d).
e) Адвокатски такси.
Epson нема да бара адвокатски такси и трошоци за која било започната арбитража која вклучува Спор според овој Договор. Вашето право на адвокатски такси и трошоци според Делот 22.6(d) погоре не ги ограничува вашите права за адвокатски такси и трошоци според важечкиот закон; и покрај гореспоменатото, арбитарот не може да пресудува двојни пресуди за адвокатските такси и трошоци.

22.7Изземање.
Можете да изберете да бидете изземени (да се исклучите себеси) од финалната, обврзувачка, индивидуална арбитражна постапка и да се одречете од колективните и репрезентативни судски постапки наведени во овој Договор со испраќање напишано писмо на адресата на Epson во рок од триесет (30) дена од кога сте се согласиле со овој Договор (вклучувајќи ги без ограничување купувањето, преземањето, инсталацијата на Софтверот или друга применлива употреба на Хардверот, производите и услугите на Epson) кој го прецизира (i) вашето име, (ii) вашата поштенска адреса и (iii) вашето барање да бидете исклучени од финалната, обврзувачка индивидуална арбитражна постапка и одрекувањето од колективните и репрезентативни судски постапки наведени во овој Дел 22. Во случај да се изземете во согласност со погоре изнесената постапка, сите други одредби ќе продолжат да важат, вклучувајќи го и барањето да се обезбеди известување пред парничната постапка.

22.8Измени и дополнувања на Делот 22.
Без оглед на која било одредба во овој Договор која противречи, вие и Epson се согласувате дека ако Epson направи некакви идни измени и дополнувања на постапката за решавање спорови и на одредбите за одрекување од колективна тужба (освен промена на адресата на Epson) во овој Договор, Epson ќе добие потврден одговор дека се согласувате со важечките измени и дополнувања. Ако не дадете потврден одговор дека се согласувате со важечките измени и дополнувања, се согласувате дека ќе арбитрирате секаков Спор помеѓу договорните страни во согласност со јазикот од овој Дел 22 (или ќе ги решавате споровите како што е предвидено во Делот 22.7, ако навремено сте избрале да бидете изземени кога првпат сте се согласиле на овој Договор).

22.9Салваторна клаузула.
Ако се утврди дека која било одредба во овој Дел 22 не може да се спроведе, таа одредба ќе се прекине со останатиот дел од овој Договор кој останува правосилен. Гореспоменатото нема да важи за забраната за колективни или репрезентативни тужби како што е предвидено во Делот 22.5. Ова значи дека ако се утврди дека Делот 22.5 не може да се спроведе, целиот Дел 22 (освен Делот 22) ќе биде ништовен.

23.За жителите на Њу Џерси.
БЕЗ ОГЛЕД НА УСЛОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР, АКО НЕКОИ ОД ОДРЕДБИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ДЕЛОВИТЕ 7 ИЛИ 8 СЕ СМЕТААТ ЗА НЕСПРОВЕДЛИВИ, НЕВАЖЕЧКИ ИЛИ НЕПРИМЕНЛИВИ СПОРЕД ЗАКОНОТ НА ЊУ ЏЕРСИ, ТОГАШ СЕКОЈА ТАКВА ОДРЕДБА НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ВАС, ТУКУ ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ДОГОВОРОТ ЌЕ ОСТАНЕ ОБВРЗУВАЧКИ ЗА ВАС И EPSON. БЕЗ ОГЛЕД НА ОДРЕДБИТЕ ВО ОВОЈ ДОГОВОР, НИШТО ВО ОВОЈ ДОГОВОР НЕ Е НАМЕНЕТО ДА, НИТУ ЌЕ СЕ СМЕТА ИЛИ ТОЛКУВА ДЕКА, ГИ ОГРАНИЧУВА ПРАВАТА КОИ ВИ СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ДОГОВОРИТЕ, ГАРАНЦИИТЕ И ИЗВЕСТУВАЊАТА.

СЛЕДНИТЕ ДЕЛОВИ 24-36 ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ МОЖЕ ДА ВАЖАТ ЗА ВАС ДОКОЛКУ КУПИТЕ СТОКИ ИЛИ УСЛУГИ ВО АВСТРАЛИЈА (ВИДЕТЕ ДЕЛОВИ 25 И 28 ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ТОА КОГА ВАЖАТ ОВИЕ ДЕЛОВИ)

24.Дефиниции.
За целите на следните делови 24-36 од овој Договор, Австралискиот закон за потрошувачи го означува Анекс 2 од Законот за конкуренција и потрошувачи од 2010 година (Комонвелт).

25.Купување на Производ како Потрошувач.
Доколку го купите Софтверот во Австралија како потрошувач според Австралискиот закон за потрошувачи, кој може да опфаќа поединци или деловни субјекти или други субјекти со која било големина, овој Договор е предмет на следните Делови 26 и 27.

26.Австралиски закон за потрошувачи.
Не се применува ништо од овој Договор што би го исклучило, ограничило или изменило кое било право или правен лек што може да го имате според Австралискиот закон за потрошувачи доколку таквото право или правен лек не може законски да се исклучат, ограничат или изменат.

Без оглед на спротивното во овој Договор, доколку купите стоки и услуги од Epson како потрошувач, тие се опфатени со законски гаранции според Австралискиот закон за потрошувачи што не се исклучени преку ниедни други одредби на овој договор.
Задолжителните гаранции вклучуваат (без ограничување):

Стоката мора да биде со прифатлив квалитет. Тоа значи дека стоката мора:
-да биде безбедна;
-да нема дефекти;
-да има прифатлив изглед и обработка;
-да ги има сите функционалности што нормално би се очекувале од неа;
-да соодветствува на изложбениот модел или примерок:
-да одговара на намената за која ви ја претставил Epson
-да одговара на описот на стоката што го дал Epson; и
-да ја исполнува секоја јасна гаранција што ви ја дал Epson во времето на купување во врска со изведбата, состојбата и квалитетот.
Услугите што ги нуди Epson мора:
-да се обезбедат со соодветна грижа и вештина или техничко знаење;
-да одговараат на намената или да ги дадат договорените резултати; и
-да бидат извршени во разумен рок во случај кога нема договорен краен рок.
Доколку Epson не ја почитува потрошувачката гаранција што важи за вас според Австралискиот закон за потрошувачи имате право на правните лекови што се утврдени во Австралискиот закон за потрошувачи.

27.Оградување од гаранцијата и правен лек.
Дел 7 нема да важи за вас. Наместо тоа, за вас важи следниот дел:

СТОКАТА КУПЕНА ОД EPSON ДОАЃА СО ГАРАНЦИИ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЗЕМАТ СПОРЕД АВСТРАЛИСКИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ. ВО СЛУЧАЈ НА СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ ИМАТЕ ПРАВО НА ЗАМЕНА, А ЗА КАКВА БИЛА ДРУГА РАЗУМНО ПРЕДВИДЛИВА ШТЕТА ИМАТЕ ПРАВО НА НАДОМЕСТ. ИСТО ТАКА, ИМАТЕ ПРАВО НА ПОПРАВКА ИЛИ ЗАМЕНА НА СТОКАТА ДОКОЛКУ СТОКАТА НЕ Е СО ПРИФАТЛИВ КВАЛИТЕТ, А ДЕФЕКТОТ НЕ ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗЕН ДЕФЕКТ.

ОСВЕН ШТО НИШТО ВО ОВАА ОДРЕДБА НЕ ГИ ИСКЛУЧУВА, ОГРАНИЧУВА ИЛИ МОДИФИКУВА ГАРАНЦИИТЕ ИЛИ ПРАВНИТЕ ЛЕКОВИ ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКЛУЧАТ СПОРЕД АВСТРАЛИСКИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ: (1) СОФТВЕРОТ Е ОБЕЗБЕДЕН „ОНАКОВ КАКОВ ШТО Е“ И Е БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД; (2) EPSON И НЕГОВИТЕ НАБАВУВАЧИ НЕ ГИ ГАРАНТИРААТ И НЕ МОЖАТ ДА ГИ ГАРАНТИРААТ ИЗВЕДБАТА ИЛИ РЕЗУЛТАТИТЕ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ; (3) Epson не гарантира дека работењето на Софтверот ќе биде непрекинато, без грешки, без вируси или други штетни компоненти или слаби страни, или дека функциите на Софтверот ќе ги задоволат вашите потреби или барања; (4) Epson не е одговорен за застои во работењето или неработење поради причини надвор од неговата разумна контрола; и (5) EPSON СЕ ОГРАДУВА ОД СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ, ИЗРИЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, СИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА НЕПРЕКРШУВАЊЕ, ПОГОДНОСТ ЗА ТРГОВИЈА И СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ.

28.Стекнување со производот според Договор за потрошувачи или мал деловен субјект.
Ако:

(а) сте поединец и се стекнете со Софтверот целосно или претежно за лична, домашна или куќна употреба или потрошувачка; или
(б) овој Договор претставува договор за мал деловен субјект (како што е дефиниран повремено поимот во Австралискиот закон за потрошувачи),

тогаш за вас важат следните делови 29-36.

29.Ограничување од одговорност.
Дел 8 нема да важи за вас. Наместо тоа, ќе важи следниот дел:

Во согласност со Дел 25, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ СТРАНАТА ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ НАБАВУВАЧИ НЕМА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТИ, КАКВИ И ДА СЕ, ДАЛИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ, ДАЛИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРОТ, ДЕЛИКТ (ВКЛУЧУВАЈЌИ И НЕВНИМАТЕЛНОСТ), СТРОГА ОДГОВОРНОСТ, ПРЕКРШУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА, ПОГРЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИЛИ НА ПОИНАКОВ НАЧИН, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ШТЕТИ ЗА ЗАГУБА НА ПРИХОДИ ОД РАБОТАТА, НАРУШУВАЊЕ НА РАБОТАТА, ЗАГУБА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТАТА ИЛИ ДРУГА ПАРИЧНА ЗАГУБА, ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИЛИ НЕМОЖНОСТА ДА СЕ КОРИСТИ СОФТВЕРОТ, ИЛИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ОВОЈ ДОГОВОР, ДУРИ И АКО ТАА СТРАНА ИЛИ НЕЈЗИНИОТ ЗАСТАПНИК БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ.

30.Доделување лиценца.
Обврската за обештетување на Epson утврдена во Дел 1 (Доделување лиценца) не важи за вас. Прифаќате и се согласувате дека сте одговорни за каква било постапка и пропуст на другите корисници што во овозможува да го користите Софтверот како тоа да е ваша постапка или пропуст.

31.Надградби и ажурирања.
Во случај кога Epson aавтоматски го ажурира Софтверот според Дел 2 (Надградби и ажурирања), може да го раскинете овој Договор во писмена форма без понатамошна одговорност кон Epson доколку дојде до промена, укинување или отстранување на некоја материјална карактеристика на Софтверот (како резултат од поправените грешки, закрпи, надградби, дополнителни или подобрени функции, приклучоци и нови верзии) и може да докажете дека сте значително погодени од тоа.

32.Целиот договор.
Дел 11 (Целиот договор) нема да важи за вас.

33.Салваторна клаузула; Модификации.
Овој Договор смее да се модификува само ако, освен што се модификува во писмена форма потпишана од Epson или од овластен претставник на Epson, се модификува во писмена форма потпишана од вас или од ваш овластен претставник.

34.Обештетување
Дел 14 (Обештетување) нема да важи за вас.

35.Завршување на договорот.
Дел 15 (Завршување на договорот) нема да важи за вас. Наместо тоа, ќе важи следниот дел:

Без да биде во спротивност со кои било други права на страните, секоја страна може да го заврши овој Договор по известување на другата страна, доколку другата страна не го почитува овој Договор. По завршувањето, мора да престанете со користење на Софтверот и сите негови копии мора веднаш да се уништат.

36.Способност и овластување за склучување договори.
Покрај тоа што го изнесувате вие во Дел 16 (Способност и овластување за склучување договори), Epson изнесува дека ги има сите потребни овластувања за да го склучи овој Договор.

2023